Вести Македонија Топ вести

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М ја оцени како необјаснива и нетранспарентна одлуката на Таравари, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.

„Во рамки на Алијансата на Таравари има жестока дебата, огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и Европскиот фронт, туку ќе останат во Владата“, рече Меџити.

Тој го спомна и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, за кого рече дека и е потребен на Владата. Воедно изрази надеж дека ќе остане на својата функција зашто „покажа транспарентност и капацитет за да управува соодветно“.

Меџити најави промени во Собранието, четворица пратеници од Европски фронт, како што рече, ќе и се приклучат на Владата. Изјави и дека политичките случувања во земјава се дури на почетокот, како и дека промените во парламентарниот состав многу брзо ќе станат видливи.

„Коалицијата „Вреди“ нема да остане само со девет пратеници, четворица пратеници од Европскиот фронт се на прагот да го напуштат тој блок и да и се приклучат на владејачкото мнозинство. Движењата почнаа. „Вреди“ нема да биде со девет пратеници. Точно е дека четири пратеници ќе го напуштат Фронтот и ќе и се приклучат на Владата“, потенцира Меџити.

Според него, позициите на „Вреди“ во Владата се загарантирани и не зависат од бројот на пратениците.

„Застапеноста на Албанците во Владата не е условена со бројот на пратеници, туку со политичкиот договор што го има склучено коалицијата „Вреди“. Сите позиции што и припаѓаат на „Вреди“ во владеењето ќе останат таму, без разлика на можните промени во парламентарниот состав. Она што е на „Вреди“, ќе остане на „Вреди“. Кога ја формиравме Владата, не се водевме од бројките, туку од уделот на Албанците. Независно колку пратеници има „Вреди“, сите позиции ќе останат на „Вреди3“, подвлече Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе