Поднесена кривична пријава по итна постапка против 25 годишниот Ј.К. од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела. Тој се сомничи дека криумчарел мигранти и фалсификувал исправа.
Од министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземени соодветни мерки и лицето е лишено од слобода.
Лицето на 12ти мај во близина на Граничниот премин „Богородица“ каде се наоѓало патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, биле пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание.
Судија на претходна постапка на Ј.К. му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.