Вести Македонија Топ вести

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес.

На лице место се екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата.

Како што информира Град Скопје, за ваков тип хаварија, покрај паричната казна за сторителот од 45 000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.

Град Скопје апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.

-Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице „Екопор“ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес.

За овој објект кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, наведува Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе