Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, соопштија од партијата по седницата на извршниот комитет.
Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови, уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена, стои во партиското соопштение.
Тие ги изедначија СДСМ и крилото од Алијансата за Албанците на Таравари велејќи дека се продолжена рака на ДУИ.
Претходно, од владата негираа дека се разговарало за пополнување на изпразнетите места, но, потврдија дека нема да има завршна средба меѓу премиерот и Таравари, како што претходно најави Мицкоски.
Заминувањето на Арбен Таравари од Владата предизвика силни реакции.
Политичките противници го обвинуваат дека делува под уцена и дека се приклучил на, како што велат, криминалната структура на ДУИ.
Таравари, пак, негира, тврдејќи дека заминал доброволно, а Алијансата за Албанците останува фокусирана на изборите во октомври.
Опозициската СДСМ пак предупреди дека коалицијата е нефункционална и дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата се фокусирани на тендери, а не на интересите на граѓаните.
Критики доби и Премиерот Мицковски за, како што велат, оддалечување од европскиот пат и нарушување на односите со меѓународната заедница.
Обвинуваат дека Владата ја води земјата во опасна насока, без визија и без поддршка од меѓународната заедница, со што се загрозува европската перспектива на Македонија.
Владата на Христијан Мицковски, и покрај првичните најави за европски приоритет, целосно се откажала од евроинтеграциите.
Наместо уставни измени и соработка, се фалат со игнорирање на Преспанскиот договор и отфрлање на името „Северна“ реагираат денеска преку партиско соопштение од ДУИ.