Вести Македонија Топ вести

„Скандинавски покриви“ во македонската реалност

Собираа вода во кофи за да не им врне на главата на дечињата, но надлежните не одговорија на барањата на родителите да се реновира градинката во Бистрица, едно од најактивните битолски села со над 700 жители. Инспекторатот стави пломба, откако утврди неправилности, но жителите инсистираат да се најде решение, затоа што велат без градинка и училиште селата се празна.

„Околу 15 деца има и од околните села што ги носат во Бистрица. Сега се снаоѓаме, се носат во Кравари, ги носиме, се договараме, но, пред сè, е стресно за децата, вели Дана Поповска од Бистрица.

„Село во кое нема училиште и градинка не е село“, вели Герман Стојчев од Бистрица.  

И во потпелистерско Дихово се затвори училиштето со четворица ученици, откако прокисна покривот во единствената училница во ова село.

„Во Дихово точно е дека зградата не е во добра состојба, па учениците се префрлени во село Трново, каде има поволни услови за работа“, вели Лилјана Николовска, директорка на ОУ „Трифун Пановски“ од Битола.

На барање на независната советничка група „Поинаку“, советот одобри 300.000 денари за изработка на проект за реконструкција на градинката во Бистрица и училиштето во Дихово и прашаа дали ова е скандинавско управување со општините, како што кажа Мицкоски.

„Ова е покрив на училиште во шведската Битола под водство на Тони Коњановски. Ова е кров на училиште кое се затвори во декември и каде децата не можат да одат на училиште. Колку пари треба за овие деца да одат на училиште?“, праша Габриела Илиевска, советничка од „Поинаку“ и претседателка на Совет на Општина Битола.

Од Општина Битола велат дека најголем дел од објектите ги исполнуваат условите за работа, со исклучок на некои училшта и градинки во руралните средини, но наставниот процес не е во застој. Уверуваат дека во изминатите три и пол години во образовните установи се вложени 10 милиони евра, а целта, велат, е создавање квалитетни услови за изведување на наставно-образовниот процес.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе