Вести Македонија Топ вести

Ревизорите потврдија – зграда може, парк или дрворед многу тешко!

Зеленило и паркови во општините кои имаат седиште во град се мислени именки, покажува извештајот на државниот ревизор. Ниту една од триесетината општини во Македонија чие седиште е во град не го исполнува законскиот стандард за озеленетост од 25 м² по жител, мал број имаат генерален урбанистички план, половина немаат програми за одржување на зеленилото а половина со години не инвестирале во нови зелени површини во рамките на општината. Но затоа дозволи за градби има повеќе од доволно.

Само општините Скопје и Охрид имаат донесено стратегии за развој на зеленилото и заедно до Кавадарци имаат зелен катастар во форма на географски информациски систем односно портал. 18 од вкупно 34 општини со седиште во град го немаат задолжителниот годишен програм за подигање и одржување на зеленилото.

  • 59% од општините со седиште во град не издвоиле средства за подигнување на нови зелени површини во периодот од 2020-2024 година“, стои во анализата на Државниот завод за ревизија.

Нерамноправниот пристап на граѓаните до зелени површини и намалувањето на квалитетот на животната средина односно загрозувањето на урбаното живеење во Македонија се должи на нефункционална координација меѓу институциите, отсуство на инспекциски контроли и финансирање на урбанистички планови од приватни субјекти.

Анализата на ревизорите покажува дека само 8 од 34 општини со седиште во град имаат важечки ГУП,  24 општини имаат ГУП со изминат плански период, а две општини воопшто немаат донесено генерален урбанистички план. Генералните урбанистички планови на 14 општини се донесени по изминување на 3 до 5 години од планскиот период за кој се однесуваат и поради тоа е невозможно градовите да ги разработат со детални планови во периодот додека се на сила.

  • Државен завод за ревизија: „ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, а зелените површини кои се одржуваат и ново подигнатите зелени површини во корелација со бројот на жители согласно пописот од 2021 година укажува дека ниту една општина не го исполнува стандардот“.

Клучниот проблем ревизорите го лоцираат во отсуството на нов Просторен план како највисок стратешки документ на државата кој доцни повеќе од четири години бидејќи во постојниот Просторен план податоците не се ажурирани и информациите врз кои се дефинираат планските и стратешките документи не соодветствуваат со состојбите во државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе