Вести Свет Топ вести

Намалете ги цените на лекови за 30 дена или ќе има ограничувања – Трамп со рок до фармацевтските производители

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша сеопфатна извршна наредба со која се поставува рок од 30 дена за производителите на лекови да ги намалат трошоците за медикаментите кои се издаваат на рецепт во САД или ќе се соочат со нови ограничувања. Наредбата го повикува министерството за здравство, предводено од Роберт Ф. Кенеди Џуниор, да посредува во нови цени за лековите. Доколку не се постигне договор, ќе стапи во сила ново правило кое ќе ја поврзе цената на она што САД го плаќаат за лекови со пониските цени што ги плаќаат другите земји.

Не е јасно какво, ако воопшто, влијание ќе има извршната наредба на Трамп врз милиони Американци кои имаат приватно здравствено осигурување. Федералната влада троши стотици милијарди долари за лекови на рецепт, инјекции, трансфузии и други лекови секоја година преку Медикер, кој покрива речиси 70 милиони повозрасни Американци.

Раководителите на агенциите за јавно здравје ќе почнат состаноци со фармацевтските компании за да понудат нови цени во текот на наредниот месец. Производителите на лекови тврдат дека заканите за нивниот профит би можеле да влијаат на истражувањата за развој на нови фармацевтски производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе