Американскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале договор за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени во текот на денoт.
Кинескиот вицепремиер Хе Лифен, пак, изјави дека преговорите во Женева биле отворени, длабински и конструктивни.
Грир потсети дека минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „национална вонредна состојба“ поради огромниот трговски дефицит со Кина, кој изнесува 1,2 трилиони долари.
Претходно, американскиот министер за финансии Скот Бесент кој, исто така, беше во Женева, изјави дека е постигнат „значителен напредок“.