Вести Македонија Најважни

Реални се шансите за економски раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал – Мицкоски на самитот „Македонија 2025“

Реални се шансите за економскиот раст на државата за првиот квартал, врз основа на првичните индикатори, да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме едни од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од самитот „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.

Според него, ако состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија се подобри, тогаш има шанси за уште повисоки перформанси што ќе се движат меѓу пет и шест проценти.

Премиерот типува на Македонија како голема крстосница во која, како што рече, се испреплетуваат коридорите 8, 10 и 11 што е, дополни, многу важно за јужното крило на НАТО и затоа нашите идни напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата.

„Имаме потенцијал и со перформансите сме пред сите други. Првата година од мандатот беше многу тешка и полна со предизвици зашто ни требаше да го сопреме слободниот пад со кои се соочуваше државата и нереално е да почнуваме со реформи кога се уште решаваме на основни, суштествени проблеми“, нагласи Мицкоски.

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убедливо водство на социјалистите и низа нерегуларности на изборите во Албанија

Дејан Дејан

СДСМ: Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во ОАЕ

Дејан Дејан

Левица предлага инспекторат за грбот, знамето и химната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе