Вести Свет Топ вести

Франција и Германија согласни за поголем притисок врз Русија за прекин на огнот во Украина

Европските претставници повикаа на поголем притисок врз Русија да се вклучи во дипломатски разговори за прекин на огнот во Украина. За време на разговорите во Лондон за Украина и иднината на европската безбедност, чиј домаќин беше британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, лидерите на ЕУ изразија подготвеност да воведат повеќе санкции врз Русија, ако Путин не се согласи на прекин на огнот.

Францускиот министер Бенџамин Хадад, повика на „масовни санкции“ ако Путин одбие „сериозно да се вклучи“ во дипломатијата. „Видовме дека претседателот Зеленски постојано покажува дека е отворен за преговори, дека сака дипломатија, дека сака мир“, додаде тој, „во меѓувреме, единствениот одговор на Путин беше повеќе бомбардирање“.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул додаде „Ние сме во позиција да воведеме дополнителни санкции. Знам дека ѝ од Соединетите Американски Држави постои подготвеност“.

Каја Калас, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, изјави дека ЕУ продолжува да работи на планирање санкции против Русија и го поздрави предложениот пакет строги санкции на американскиот сенатор Линдзи Греам, кој вклучува воведување царини за земјите кои купуваат руска нафта, гас, ураниум и други производи.

„Ова доаѓа, откако Русија лансираше повеќе од 100 беспилотни летала „Шахед“ и „мамки“ кон Украина во ноќни напади“, соопштија украинските воздухопловни сили.

Во низа дипломатски случувања во текот на викендот, Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот поднесен од американските и европските лидери, но понуди директни разговори со Украина претходната недела.

Украина, заедно со европските сојузници, побара од Русија да прифати прекин на огнот пред да се одржат мировни преговори. Москва ефикасно го отфрли тој предлог и наместо тоа повика на директни преговори во Истанбул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Пожар во домот на британскиот премиер Кир Стармер

Дејан Дејан

Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе