Во Топ Тема вечерва дебата меѓу пратениците Благој Бочварски, СДСМ и Бране Петрушевски, ВМРО – ДПМНЕ. Главна тема- Што содржи предлог законот на СДСМ за помош на семејствата на настраданите во Кочани и зошто е неприфатлив за власта?
- Одлучивме дека преку едно законско решение кое што ќе го изготвиме ќе придонесеме да покажеме грижа пред се солидарност кон овие луѓе кои се најдоа во тежок проблем. Како сериозна политичка партија сметаме дека тоа е начинот на кој што треба да делуваме не со политизирање не со препукување туку со конкретни решенија со кои ќе им помогнеме на граѓаните. Од тој аспект исто така сметаме дека е навреме да се отвори дискусија. Освен финансиска помош ќе има овде и здравствена и социјална компонента. Родителите да можат да отсуствуваат една година од своите работни места. Треба да ја изгласаме со консензус заедно со сите парламентарни групи, истакна Бочварски.
Топ Тема е во тек може да ја следите на линкот подолу
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.