Битола се гуши во сообраќаен метеж, градот нема катни гаражи, автомобилите се паркирани по тротоари, пешаците се движат по коловози.
Битолчани често се шегуваат дека во Битола има повеќе коли отколку луѓе, а зад оваа шега се крие сериозен проблем. Низ градот со улички од турско време и неколку поголеми сообраќајници, се движат 31 илјада регистрирани возила.
Особено е хаотично во центарлното подрачје
Велоинфраструктурата засега е во зачеток. Градот нема друго решение освен стимулирање на алтернативните форми на превоз, велат експертите
Општината подготвува нова сообраќајна студија и ги повикува граѓаните да се вклучат во анкетата што трае до крајот на мај, а резултатите ќе се искористат за дефинирање на мерки за подобрување на состојбите. Сега да почне спроведувањето на рестриктивни мерки, првите вистински резултати ќе се видат дури по 10 години, велат од иницијативата „Битола на точак“.
ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА