Вести Македонија Најважни

Мицкоски подготвен за средба во Кочани, откако родителите на жртвите ја одбија поканата за во Влада  

 

Премиерот Мицкоски жали за одбиената покана од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс, да се сретнат со него во Владата . Вели подготвен е за средба со нив Кочани.  До сега бил неколку пати во градот но рече дека дека  не сака случајот да добие призма на естрада,  обвинувајки ја опозицијата за собирање политички поени на сметка на трагедијата

-Жалам што е таква одлуката. Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и како што правев досега се за да им помогнам онолку, колку што можам да им помогнам. Но, исто така морам да кажам дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам е лага. Такво нешто нема. Но, еве без разлика ако е ова покана кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме – вели Мицковски.

Семејствата викендов информираа дека ја одбиле поканата од кабинетот на Мицкоски затоа што е задоцнета .

Премиерот беше поканет од сите родители на починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан,    известија семејствата.

Роднините и блиските на настраданите во пожарот во кабарето Пулс вчера го одржаа  петиот протестен марш во Кочани од каде испратија пораки –  Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ . Со сликите од своите деца в раце прашаа- Кој ги уби овие ангели? Кој им дозволи на демоните да ги убијат овие ангели? Побараа правда, неселективна и праведна.   Обвинителството најави дека истрагата ќе заврши во рокот од три месеци кој истекува во втората половина на јуни.

 

Елена Ивановска Муковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Социјалистичката партија на Еди Рама во убедливо водство на парламентарните избори во Албанија

Дејан Дејан

Забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција – почнува самитот „Македонија 2025“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе