Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на министрите за надворешни работи на НАТО од 14 до 16 мај во Турција, на која ќе се разговара за завршување на војната меѓу Русија и Украина, информира Стејт департментот.
„Со поглед насочен кон самитот на НАТО во Хаг во јуни, државниот секретар ќе ја промовира агендата на претседателот Трамп, за да се осигури дека нашите сојузници ќе дадат фер придонес за зајакнување и зголемување на ефикасноста на НАТО, се вели во соопштението на Стејт департментот.