Македонија

Почина Филип Аврамчев- поранешен директор на Универзална сала

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала и член на Либерално Демократската Партија. Веста за неговата смрт ја споделија  на Фејсбук од ЛДП. Од таму велат дека со длабока тага и неверување се збогуваат со Филип Аврамчев, нивен долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал, истакнат активист и борец.
Либерално демократската партија изрази длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели.
Не постојат зборови кои можат да ја надоместат загубата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме по ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари.
Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот, велат од ЛДП.
Посмртните останки на Филип Аврамчев ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток), во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје, во 11.00 часот.
Другар Филип, нека ти е лесна земјата и нека ти биде светол патот. Почивај во мир, додаваат од ЛДП.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Тренчевска: Јасна и очигледна е нетрпеливоста во „Вреди“, особено меѓу Меџити и Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе