Синдикатот на контролори на летање во Њујорк соопшти дека масовните откажувања на летови на меѓународниот аеродром „Либерти“ и другите американски аеродроми се поврзани со инцидент од пред една недела, кога контролниот центар во Филаделфија привремено го загубил контактот и радарскиот надзор врз леталата.
Поради тоа, прекините на летовите траат веќе втора недела, што повторно ги отвори барањата за модернизација на воздухопловната технологија и инфраструктура, како и за решавање на хроничниот недостиг на контролори на летање во САД.
Инцидентот што се случил пред една недела во контролниот центар за летање во Филаделфија, каде што привремено била изгубена комуникацијата и радарскиот надзор со повеќе авиони, предизвикал сериозен хаос во воздухопловниот сообраќај во и околу Њујорк. Најпогоден е меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“, но проблемите се прелеваат и на други клучни аеродроми во САД, вклучително и во Чикаго, Атланта и Далас.