Вести Македонија Најважни

Мајка во битка за старателство на четиригодишниот син, правда бара од Врховниот суд

Познат охридски бизнисмен го добил старателството врз својот 4 годишен син, иако претходно судот му изрекол мерки, бидејќи вршел психичко семејно насилство врз својата жена. Пред целата битка за старателството и пред разводот, бизнисменот и лажно пријавил дека неговото дете било физички и психички малтретирано од неговата мајка Невена и неговата баба Милена. Судот за лажното пријавување го казнил со 250 евра. Воедно бизнисменот бил пратен и на психосоцијалниот третман во Првиот семеен центар во Скопје, но оттаму до Центарот за социјална работа било испратено известување дека третманот бил неуспешен.

Но, и покрај сето ова во битката за старателството, најпрвин судот во Охрид, па потоа и битолска Апелација ќе одлучат старателството врз детето да го добие таткото Спасе Спасески. Мајката сега се жали дека во текот на целиот процес на разводот се повторуваат истите закани, истите стратегии и дела, само за да се одземе нејзиното дете.

  • „Се прашувам каков е тој еден судски систем, едно општество кое си зема за право да даде одлука која е за одземање на дете од мајка, а притоа да нема ниту еден релевантен аргумент за истото за да го направи тоа и дали е таа одлука само врз база на едни лажни изјави кои се презентирани само од едната страна за која цел е многу јасна, изјави Спасеска. 

Во образложението на пресудите, до кои дојде Телма нема објаснување зошто мајката е неподобна да добие старателство, туку само се објаснуваат квалитетите на таткото.

  • „Овој суд смета дека доделувањето на малолетното дете на странките на неговиот татко е опција која ќе му овозможи најбезбедно, најстабилно и најљубовно опкружување оценето преку проценката на родителските капацитети на двата родители и однос без стереотипи, поткрепено со факти и со почитување на неутралност при донесување на одлуката во смисла која е мајката или кој е таткото во конкретниот случај, туку кој во овој случај е подобро решение за детето. Со донесената одлука крајно се одржува и принципот на родова еднаквост“, е наведено во пресудата на Апелационен суд Битола.

И судот во Охрид и тој во Битола предвид ќе го земат само мислењето на Центарот за социјална работа од Охрид дека детето треба да се додели кај таткото. Наспроти спротивното мислење на Центарот за социјална работа од Скопје дека всушност мајката е таа која треба да има старателство врз детето. Воедно имало и мислење од Министерството за труд и социјална политика дека надлежен за прашањето е центарот во Скопје. Но судот ниту ова не го зема предвид. Директорот на охридскиот центар кој иако не бил надлежен дал мислење дека детето треба да биде кај таткото и за тоа доби кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика и беше разрешен од функцијата.

Инаку зад името на Спасе Спасески има неколку фирми. Директор до декември бил во Сарамзалино Аграр каде сопственик е неговата семејна фирма АСП-ПАК, како и Грин Енерџи, чиј управител е екс вицепремиерот Кочо Анѓушев. Додека во фирмата Био Ентерпрајс, сопственик е Спасески заедно со Грин Енерџи. И семјната фирма АСП-ПАК на Спасески соработувала со Феро Инвест и Централ Инвест во сопственост на Анѓушев. За тоа сведочи и нивната инвестиција во био гасната електрана Био ентерпрајз во Сарамзалино.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе