Вести Свет

Бајден го обвини Трамп дека и попушта на Русија

Поранешниот американски претседател Џо Бајден во своето прво интервју откако ја напушти Белата куќа изјави дека притисокот на неговиот наследник Доналд Трамп врз Украина да ѝ предаде територија на Русија е форма на модерно попуштање кое никогаш нема да ја задоволи Москва.

Во интервју за Би-Би-Си, Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека Украина е дел од „Русија“ и дека секој што мисли „дека тој ќе престане е едноставно наивен“.

Бајден изрази загриженост дека Европа ќе „изгуби доверба“ во доследноста и лидерството на Америка. Бајден го критикуваше и начинот на комуницирање на Трамп и објавувањето дека ќе ги преземе Панама и Гренланд и дека Канада мора да стане 51-ва федерална држава на САД.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе