Балкан Вести

Синдикатите во Србија го одбележуваат Први мај во Белград, со студентите на протест и пред Владата

По повод Меѓународниот ден на трудот, синдикатите во Србија организираат собири во Белград на кои ќе ги објават своите барања за измени во трудовото законодавство, а потоа ќе учествуваат на првомајскиот протест на студентите пред зградата на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Студентскиот протест почнува во 14 часот, а на нив ќе им се придружат Сојузот на независни синдикати на Србија, Обединетиот грански синдикат „Независност“, Здружението на слободни и независни синдикати (АСНС), Обединетите синдикати на Србија „Слога“ и Конфедерацијата на слободни синдикати.

На синдикалните собири ќе присуствуваат и студенти, кои заедно со членовите на синдикати ќе одбележат шест месеци од трагедијата, предизвикана од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, со 16-минутен молк.

Најавено е дека на протестот пред Владата на Србија ќе присуствуваат синдикалци од Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови.

На тој собир ќе се емитува „Слободен дневник“ подготвен од група новинари од Радио-телевизија Војводина, а ќе се одржи и концерт на отворено на детски рок хор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Работниците со протест го одбележаа меѓународниот ден на трудот

Дејан Дејан

На пикник ама со поскромна трпеза- граѓаните го одбележуваат први мај

Дејан Дејан

Честитки за Први Мај и од политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе