Ова води кон разнебитување на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и затоа не е фер заради постапка на една личност, сите да бидат заложници, смета Горан Трпеноски, поранешен член на ДКСК, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ за истрагата што се води против претседателката на комисијата за оддавање на службена тајна.
„Сметам дека претседателката треба да се повлече од функцијата додека не заврши истрагата. Бидејќи таа како носител, како лик, на институцијата, е одговорна за интегритетот на таа институција. Механизмите за евентуално нејзино разрешување се лимитирани“, додава Трпеноски.