Вести Свет Топ вести

Сојузниците на Украина со осуда за рускиот напад врз Суми

Остра осуда испратија сојузниците на Украина за смртоносниот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој загинаа најмалку 34 лица, вклучително две деца, а 117 се повредени.

Фридрих Мерц, за кој се очекува да стане нов германски канцелар следниот месец, изјави дека нападот врз Суми претставува „сериозно воено злосторство“.

За атуелниот германски канцелар Олаф Шолц, пак, нападот покажува „колку вреди наводната подготвеност на Русија за мир“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија за „очигледно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот Трамп“.

Опишувајќи го нападот како „варварски“, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека „Русија беше и останува агресор, во очигледно кршење на меѓународното право.

Повика на итни мерки за да се наметне прекин на огнот. Европа како што рече ќе продолжи да соработува со партнерите и ќе одржува силен притисок врз Русија додека не заврши крвопролевањето и не се постигне праведен и траен мир, според условите на Украина, додаде таа.

Британскиот премиер сер Кир Стармер исто така го изрази својот став, велејќи дека е „згрозен од ужасните напади на Русија врз цивили во Суми“.

Убиени се 34 Украинци во последниот руски напад, за Трамп во Суми е направена грешка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе