Вести Свет Топ вести

Европските дипломати со низа осуди по руски напад врз украинскиот град Суми

Низа осуди пристигна од европските дипломати, откако вчера во руски напад загинаа 34 лица во украинскиот град Суми, а уште 117 лица други се ранети, вклучително и 15 деца.

Шефицата за надворешната политика на ЕУ Калас го осуди нападот како еден најсмортоносните досега, истакнувајќи дека Русија не се повлекува без разлика на тоа што Украина се согласи на прекин на огнот пред еден месец.

„Ги гледаме најсмртоносните напади во оваа војна. Се убиваат цивили. И, се разбира, веќе е еден месец помина  откога Украина се согласи на безусловен прекин на огнот. Тоа не го видовме од руска страна. Она што е јасно е дека треба повеќе да ја поддржуваме Украина“ изјави Каја Калас, шефица за надворешна политика на ЕУ.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „масакрот“ е „доказ за ​​презирот кој претседател Путин го има врз украинското цивилното население и законите на војната“.

„Владимир Путин се уште е под налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства. Ова е уште една демонстрација на неговите вистински намери, и додека Украина се согласи на прекин на огнот веќе повеќе од еден месец, Владимир Путин очигледно нема намера да се движи во оваа насока“ изјави Жан-Ноел Баро, француски министер за надворешни работи.

Остра осуда испратија сојузниците на Украина. Фридрих Мерц, за кој се очекува да стане нов германски канцелар следниот месец, изјави дека нападот врз Суми претставува „сериозно воено злосторство“, додека  претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека „Русија беше и останува агресор, во очигледно кршење на меѓународното право.

Исплашените жителите на Суми рускиот напад го опишуваат како геноцид и бришење на нацијата.

Нападнат е и градот Одеса каде загинаа девет лица. Генералштабот на украинската војска објави дека Русија во рок од 24 часа извршила една ракетен и 128 воздушни напади врз низ целата земја.

За американскиот претседател Доналд Трамп нападот врз градот Суми е голема грешка, ужасна работа и злоупотреба на моќта. ​Тој истакна дека негов приоритет ќе биде да ја заврши војната во Украина и да спречи потенцијална Трета светска војна.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе