Вести Македонија

Рамсар мисија во Македонија – Има ли иднина за Преспанското Езеро?

Преспанското езеро  секоја година губи огромни количини  вода. Брегот е во кал и тиња, трската  ги голта некогашните плажи, а нивото  е 6 метри под  нормалниот водостој. Состојбата на терен  е повеќе од загрижувачка, и веќе е неизвесно ќе има ли иднина Преспанското езеро.

Продолжува драматичното повлекување на водата во Преспанското езеро. Климатските промени и долгогодишната негрижа се причини за оваа еколошка катастрофа.

Сместена меѓу два национлани паркови Галичица и Пелистер, со исклучителна природна убавина и потенцијали, Преспа ги има сите предуслови за развој. Но туризмот пропаѓа со  иста динамика како и повлекувањето на  езерото, а сега веќе се отвора и прашањето за опстанокот  на живиот свет.

„Туризмот е загрозен. Преспа беше една и единствена сега дојде на најсико ниво“ велат жителите.

„Некои видови риби се намалени, нема мрестилишта, многу работи нема“ вели рибар. 

Со години се најавува  спас за Преспанското езеро, но досега речиси и да нема конкретни мерки.

„Климатските промени, користењето на водата за  наводнување и подземното истекување се најголемите закани кои бараат решение. Овие проблеми не можат да чекаат и затоа е потребна итна и координирана акција“ рече Изет Меџити, министер за животна средина. 

Денеска по иницијатива на Министерството за животна средина, поддржана од Албанија и Грција пристигна советодавната мисија од Рамсарската конвенција, под чија заштита е Преспанското езеро.

„Би сакале  да видиме поголемо внимание, посилни инвестиции. Како што веќе знаеме дека Преспанското езеро има  поддршка од ЕУ, УНДП и ГЕФ и  Владите  на трите држави. Ние би сакале да видиме заеднички напори за уште поголем успех“ рече Флоре Лафаје, Рамсарска конвенција.

Советодавната мисија деновиве ќе биде во обиколка на Преспа  во трите држави, по што ќе изготви препораки за идно управување со езерото, а резултатите ќе бидат дел од поширока регионална стратегија за водите и биодиверзитетот.

Eмилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Joвановиќ: Берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека штетата што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од самите царини

Дејан Дејан

Брисел му понуди на Трамп „нула за нула“ царинска шема

Дејан Дејан

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе