Спорт Формула 1

Прва сезонска победа за Ферстапен, четврта по ред во Јапонија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија во рамки на Формула 1 шампионатот. За актуелниот првак ова беше прв сезонски триум, а четврти по ред на патеката „Сузука“.

Ферстапен ја имаше пол-позицијата и успеа да се одбрани од Ландо Норис. Возачот на Мекларен финишираше втор, а на подиумот имаше место и за неговиот тимски колега Оскар Пиастри.

Шарл Леклер од Ферари го освои четвртото место, пред двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели, додека Луис Хамилтон беше седми. Најдобрите десетмина ги комплетираат Исак Хаџар, Александер Албон и Оливер Берман. Миленикот на домашната публика, Јуки Цунода во својот прв настап за Ред Бул откако го замени Лијам Лосон финишираше на 12-тото место, додека Новозеланѓанецот беше 17-ти во болидот на Ресинг Булс.

По четири сезонски трки, Норис е лидер со 62 бода, еден повеќе од Ферстапен, а Оскар Пиастри има 49.

Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Бахреин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе