Албанската влада донесе одлука да стави забрана за „ТикТок“ на период од 12 месеци поради „несоодветната содржина која поттикнува насилство, особено меѓу децата”.
Министерката за образование Огерта Манастрилиу рече дека службениците се во контакт со „ТикТок“ за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата.
Албанската влада ја покрена постапката минатата година кога тинејџер избоде до смрт друг тинејџер по расправија што започнала на оваа социјална платформа.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека имаат за цел да ја затворат социјалната мрежа, а „ТикТок“ побара итно појаснување во врска со случајот со убиството.
Компанијата потоа соопшти дека „не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на „ТикТок“ и истакна дека бројните извештаи всушност потврдиле дека видеата што доведоа до инцидентот биле објавени на друга платформа.