Балкан Вести Свет

(Видео+Фото) Хаос во Српскиот парламент, фрлени димни бомби и ракети, проследени со тепачки и турканици – повредени се двe пратенички

На редовната пролетна седница на српското Собрание имаше инциденти – тепачки, фрлени димни бомби, ракети. Повредени се двајца пратеници на СНС, а на една бремена пратеничка и се слоши. На дневен ред на седницата требаше да се најдат 62 точки, меѓу кои измени на Законот за високо образование, предлог-закон за станбени кредити за млади и гласање за разрешување на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

ЗЛФ поднесе предлог на седницата да се расправа само за Законот за високо образование, предлогот беше одбиен. Мирослав Алексиќ најави дека „опозицијата ја констатирала оставката на Владата“.

Седницата почна во 10 часот во зградата на Народното собрание, со интонирање на државната химна, но инцидентите се случија нешто по 11 часот.

Дел од опозициските пратенички групи најавија дека нема да учествуваат во работата на парламентот, но најавија одредени акции, без да прецизираат за што станува збор.

Сепак, и пратеничката група на власта и на опозицијата за денеска најавија вкупно 20 прес-конференции. Мирослав Алексиќ вели дека обраќањата во медиумите може да се препознаат како „паралелна седница на парламентот – само во фоајето“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе