Вести Економија Топ вести

Со ограничување на маржите се доведува во прашање опстанокот на 80 трговци со 5.000 работници – предупредување од Стопанска комора на трговци на мало и на големо

Со ограничување на маржите, може да дојде до затворање на маркети и отпуштање на работници. По одлуката на Владата дека треба да се ограничат маржите на 10 отсто за основните прехранбени производи, но и на хигиенските влошки, пелените, детергентите, геловите за туширање и друго, од новоформираната Стопанска комора на трговци на мало и на големо предупредуваат дека со ваквата мерка се доведува во прашање опстанокот на над 80 трговци во кои работат, речиси, 5.000 работници.

Пред неколку дена, Владата на седница го задолжи министерството за економија да подготви одлука за ограничување на маржите на 10 отсто на дел од производите. Всушност станува збор на враќање на есенската кошничка која беше воведена минатата година во која на над 70 производи им се ограничија маржите. Разликата сега е во тоа што со оваа одлука ќе бидат опфатени и детергенти, прашоци, хигиенските влошки, пелените,  храната за бебиња.

За ваквата одлука познавачите сметаат дека ефектите ќе бидат краткорочни, односно само додека трае мерката.

„Останувам на ставот дека ваквата форма на замрзнување на мерки, треба да биде напуштена и да се бара решението во други форми, па меѓу другото и она што ДПИ го идентификувале на терен тој патот каде што механизмот треба да функционира, а тоа е да се применува законот и треба да се санкционира“, вели Благица Петрески од Фајнанс тинк.

Ваквата мерка за намалување на цените ја практикуваше и претходната влада, но беше критикувана од дел од експертите, бизнисот, но често и од ВМРО-ДПМНЕ кој тогаш беа опозиција.

Очекувањата, пак, на премиерот Мицкоски се дека со тоа значително ќе се намалат цените. Се одлучи да се оди на ваков чекор, откако ги добија анализите од пазарна со кои е утврдено дека од увоз до рафт, маржите на некои производи одат и до 70 отсто.

Проблемите со цените се провлекуваат веќе подолго време. Граѓаните дури одлучија да одат на бојкот.

И додека се чека извештајот на статистичарите за новата бројка за инфлацијата, ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство му се потребни над 1.000 евра да го истурка месецот. Пресметката на кошничката за Мицкоски е спорна и бара нов начин на анализа, со образложение дека во нејзе има чудни производи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе