Вести Македонија Топ вести

Силен ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од покрив на средното електро- машинско училиште во Штип

Силниот ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Нема повредени ученици и наставници, наставата се одвива без проблеми.

Низ населбите во Штип има и откорнати дрва, паднати гранки, а има и пријави на  оштетени автомобили. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции, додека пак штипските Пожарникари имале четири интервенции, на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Во Штип ветровитото време продолжува и во текот на утрешниот ден.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе