Балкан Вести Свет Топ вести

Бојко Борисов е победник на изборите во Бугарија, уште една нова шанса за формирање на Влада

Десничарската партија ГЕРБ, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, победи на седмите по ред предвремените парламентарни избори во Бугарија, освојувајќи 26 отсто од гласовите.

Ова е значително подобрување во однос на реформистичката коалиција „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија, кои добија околу 10 отсто помалку.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, рече дека неговата партија ќе формира нова влада и дека ќе работат со сите партии кои ќе ја поддржат нивната програма.

  • „Нашата програма, која ја образложивме, и за која гласаше народот, и објаснивме како ќе ја спроведеме, ќе биде фундаментална  за сите што сакаат да формираат  влада. Јас ќе владеам со кој и да ја поддржи нашата програма“ изјави Бојко Борисов, лидер на партијата ГЕРБ и поранешен бугарски премиер.

Рекорден број, девет партии влегуваат во следниот парламент според одлуката на 37,5 отсто излезност на гласачите според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија, врз основа на досегашното пребројување на гласовите.

Од партијата „Ние ја продолжуваме промената“ ко-лидерот Асен Василев, изјави дека ќе се борат за повисоки приходи и подобро образование, а најголем приоритет и предуслов ќе им бидат антикорупциските закони.

  • „Ќе се бориме за повисоки приходи, за подобро образование – ова ќе биде голем приоритет заедно со антикорупциските закони, кои се предуслов за почеток на какви било (коалициски) разговори“ изјави Асен Василев, ко-лидер на Ние ја продолжуваме промената“ (ПП).

ГЕРБ освои најмногу гласови, а по неа е Реформистичката партија „Продолжуваме со промените“ која се најде на второто место со 14,76 отсто, додека  на трето место е Ултранационалистичка, проруската партија „Преродба“ со 13,8 отсто.

Гласачите се надеваат дека ова ќе бидат последните избори за следниот период, и дека политичките партии со најмногу гласови ќе престанат со полемики и негативност и ќе почнат да соработуваат во интерес на граѓаните.

  • „Се надевам дека овие седми избори по ред ќе им кажат нешто на овие луѓе во парламентот. Оние партии што ќе добијат најмногу гласови нека направат нешто за гласачите, а во исто време парламентарците не треба да имаат толкаво противење, полемики и негативност – да покажеме разбирање и хуманост еден кон друг“ изјави Снежана Коева, гласач на изборите во Бугарија.

Бугарија е управувана од краткотрајни влади од 2020 година, кога протестите против мито помогнаа да се стави крај на коалицијата предводена од партијата ГЕРБ. На Бугарија и треба период на стабилна, добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од Европската унија и да ја мотивира кон прифаќање на еврото.

Повторните изборите се поттикнати од неуспехот на бугарските политички партии да се договорат за формирање коалициска влада по неубедливите избори во јуни.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе