Кошарка Спорт

Шампионот Бостон сигурен, победи и Далас, но Денвер загуби на домашен паркет (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава на програмата беа четири натпревари. Шампионот Бостон запиша уште една убедлива победа, Далас го доби тексашкото дерби со Сан Антонио, а Денвер загуби пред своите гледачи.

Џејлен Браун со 27 поени и Џејсон Тејтум со 25 поени и 11 скока ги предводеа Селтикс до триумф од 102-122 на гостински паркет кај Вашингтон. Шампионот сега има две победи од два натпревари на стартот од новата сезона.

Далас пред своите навивачи го совлада Сан Антонио со 120-109. Лука Дончиќ имаше 28 поени и 10 скока, додека блескаво деби имаше Клеј Томсон со 22 поени. Виктор Вембањама имаше лоша шутерска вечер за Спарс, па погоди само пет пати од 18 обиди и го заврши натпреварот со 17 поени.

Никола Јокиќ запиша трипл-дабл, но Денвер беше надигран на домашен паркет од Оклахома со 87-102. Српскиот центар реализираше 16 поени, 13 асистенции и 12 скока за Нагетс, но останатите негови соиграчи не беа на нивото. Шаи Гилџеус-Александер со 28 поени и Чет Холмгрен со 25 ги предводеа Тандер до победата.

На последниот натпревар утринава, Сакраменто загуби дома од Минесота со 115-117.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе