Вести Македонија Најважни

Александар ми рече „ако Вања е убиена, ќе се убијам и јас“ – исказ на роднина на 14-годишната Ѓорчевска

Два часа по грaбнувањето на неговата ќерка Вања, Александар Ѓорчевски во 9:15 часот утрината на 27 ноември, минатата година бил забележан со неговото возило на камерите на Сејф Сити како поминува покрај хотелот „Александар Палас“ кон Качанички пат. Ова денеска пред Кривичниот суд го сведочеше Дејан Димовски, началник на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

Тоа е истата траса по која претходно поминале Цитроенот и Реното Кангу по грабнувањето на Вања. Димовски во судница кажа и дека за време на распитот на Ѓорчевски го прашале како знаел во кој правец да се движи за да ја лоцира Вања на што тој одговорил дека, поведен од криминални филмови, заклучил дека киднаперот секогаш се движи кон најблиската граница, но, сепак, не отишол до таму бидејќи имало гужва.

„Чудно беше. Ги превидуваше настаните. Прво рече е киднапирана, па убиена. Велимир и Боре кажаа дека знаат дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека девојчето ќе биде само, кога ќе оди на школо. Ни се засилија сомневањата. Зошто таткото би бил инволвиран не знаеја да кажат“, рече Дејан Димовски, началник во СВР Скопје

Со тие нивни искази и со разумно согледување на сите овие околности можеше да се заклучи дека е сомнителен, но не го обвинивме ние, ќе одговори Димовски пред судот.

Тој сведочеше и дека во телефонот на мајката Зорица нашле порака испратена вечерта пред грабнувањето. Станувало збор за копија од комуникација меѓу Вања и Александар на социјалните мрежи. Во пораката и напишал дека утре ќе биде ладно и затоа треба топло да се облече.

Началникот спомена и избришана порака во вибер групата на родителите од класот на Вања во која Александар напишал „Кажете колку пари треба“. Според Димовски, очигледно ја згрешил групата. Адвокатот на Ѓорчевски, пак, изјави дека пораката била сосема нешто друго.

Сведочеше и чичкото на Зорица, Митко Лазаров, кој кобниот ден бил дел од потрагата во близина на „Силбо“ каде последен пат бил лоциран телефонот на Вања. Го затекнал Александар сам во возилото и го прашал што е работата.

„Ако е утепана Вања, ќе се утепам и јас“, му рекол Александар по што со солзи во очите Лазаров додаде дека му било чудно неговото однесување.

Фокусот на денешнпото судење најмногу беше на улогата на Ѓорчевски. Новина беше и што началникот Димовски кажа дека на видеоснимките од Сејф Сити се гледа ликот на Палевски во Реното Кангу. Останатите обвинети Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски во своите искази пред полицијата кажале дека работеле по насоките на Палевски.

Судењето продолжува на 13 ноември.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина ги зголеми тарифите за американските стоки на 125%

Дејан Дејан

Влен“ ќе ги „пегла“ разликите за заеднички настап на локалните избори

Дејан Дејан

Со слики од Реноар се отвара нов објект на музејот во Сао Паоло

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе