Законот е донесен со одложено дејство, веќе има шест месеци од донесување до неговата имплементација, постоело доволно време за едукација, за објаснување и прилагодување, изјави претседателот на СКК, Ангеловски.
Последните информации според претседателот на ССК велат дека луѓето кои се поставени на функции се тука да се погрижат да го спроведат законот. Овој закон е првиот чекор во реформирање на македонската економија, а следниот чекор би требало да е усогласување на царинските стапки со ЕУ, таму имаме една многу несредена ситуација.