Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Запрена изградба на црква во Галате со интервенција на полицијата

На социјалната мрежа „Фејсбук“ објавено е видео во кое лицето кое го снима материјалот вели дека по наредба на јавен Обвинител била испратена интервентна полиција за да ги спречи градежните активности околу црковен објект.

Во изјавата која што се слуша во позадина на видео материјалот се вели дека полицијата дошла на местото да ги уапси работниците од гостиварско кои го расчистувале теренот околу објектот.

Станува збор за православен храм во атарот на селото Галате.

Видеото е објавено на профил на фејсбук кој е насловен како „Мисија“.

Под видеото во коментари следат бурни реакции на граѓаните за постапките на надлежните институции.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе