Вести Македонија Топ вести

Првата задача на Марк Руте во НАТО е да најде „десна рака“ – во опција имиња од Македонија и Бугарија

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте разгледува неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова „десна рака“, пишува „Политико“.

Висок дипломат на НАТО од Западна Европа кој сакал да остане анонимен истакнал дека меѓу сојузниците постои општ консензус дека источноевропеец треба да биде назначен за негов заменик.

Според истите извори разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна.

Во потесните кругови кога станува збор за функционер од Македонија се споменува името на Радмила Шеќеринска.

Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија.

Македонија влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство.

Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти ширум Европа.

Во интервјуто по целосната руска инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“.

Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенк Европскиот совет за надворешни односи, ја пофали како идеален кандидат.

„За заменик-генерален секретар на НАТО, на Рите ќе му треба висока личност која е високо компетентна, и има познавања за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил“, рече Руге, експерт за балканскиот регион.

Друг кандидат е поранешниот вицепремиер и поранешен еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел, тврдат изворите на Политико.

Бугарија е во центарот на вниманието поради блиските врски на нејзините политички елити со Русија. Во април, премиерот во заминување Николај Денков предупреди во интервју за ПОЛИТИКО дека „Русија ќе стори се што е можно за да го врати своето силно влијание во Бугарија“. Софија, исто така, склучуваше договори за зајакнување на улогата на Москва како доминантен снабдувач со енергија во југоисточна Европа, и покрај реторичката поддршка на земјата од ЕУ за Украина.

Бугарската и македонската делегација во НАТО не ги коментираа кандидатурите.

И двете земји, сепак, се опфатени со загриженоста од високата корупција.

Според Транспаренси Интернешнл, Бугарија е рангирана на 67-то место во светот според нејзиниот Индекс за перцепција на корупцијата. Северна Македонија е рангирана на 76 место.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија.

Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе