Магазин

ТЕЛМА Инста Анкета: За салата, се бара домат, за десерт-лубеница, помеѓу како оброк е летна манџа, што се пие и јаде преку лето

Познатиот домат јабучар е убедливо прв избор на анкетата на Телма на инстаграм за навиките кои се однесуваат на летната исхрана. Алкохолните пијалоци се избегнуваат, а летната манџа е главен избор за јадење.

На инстаграм профилот на Телма, секоја недела преку објави на Story правиме мини истражувања за актуелни теми и го мериме пулсот на граѓаните. На анкетните прашања одговараат следбениците (followers) на инстаграм профилот на Телма, како и сите оние кои го посетуваат профилот. Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници на IG профилот.

Претходната недела проверивме какви се навиките во исхраната за време на летните горештини. За зеленчук од 4 понудени одговори најмногу гласови доби скопскиот јабучар -137 од вкупно 189 кои гласале на прашањето каков зеленчук Ви е омилене преку лето.

По доматот (72%), втор избор е краставицата со 18% (33 гласа) со што се комбинира основата на една добра шопска салата. Лутата пиперка доби 10 гласови, а само 9 следбеници на IG профилот на Телма избраа модар патлиџан како омилен зеленчук.

Бостанот го води орото во избор за најомилено летно овошје. Црвената лубеница доби 130 гласови (70%), а дињата 19% односно 34-ца ја избрале за овошје кое најмногу им лежи за преку лето. Крушата доби 17 гласови (9%), а модрата слива беше избор само на 4-ца.

И кај изборот на јадењето, немаше дилеми. Летната манџа која се прави од домат, пиперка и малку лук е на прво место со 101 глас (53%). Сепак во оваа категорија имаше повеќе разногласие, па така второпласираниот таратор стигна до 44 глас (23%), а популарна е и рибата на жар со 17% (33 гласови). Најмалку доби мусаката 14 гласови или 7%. Вкупно гласале 192-ца.

Водата е прв и најголем избор за течност односно пијалок за преку лето. 134 гласа односно 69% од следбениците на IG на Телма кои гласале сметаат дека водата е најдоброто освежување за горештините.

Цеден лимон има 29 гласа (15%), а зачудувачки е нискиот избор на полајт алкохолохни освежувања како прв избор за летен пијалок. Пивото со лимон или друг вкус (радлер) е на последното 4-то место со само 11 (6%) што го избрале, додека белото разладено вино е на ниво од 10 проценти (21 од вкупно 195-мина што одговориле на прашањето за омилен пијалок).

Горе-долу, одговорите се совпаѓаат со препораките пред се на лекарите кои препорачуваат вода за пиење, како и зеленчук или овошје кое има поголем процент на вода во себе, како лубеница или краставица.

Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници и посетители на Instagram профилот на ТВ Телма. Анкетата беше спроведена во рок од 24 часа меѓу недела (04.08.2024.) и понеделник (05.08.2024.).

Доколку сакате и Вие може да гласате на крајот на овој или наредниот викенд односно меѓу недела и понеделник.

Сончево и многу топло – Временска прогноза за 13.8.2024

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе