Балкан Вести Магазин

ВИДЕО: Хрватскиот бисер Опатија слави 180 години туризам, гости и биле Кафка и кралеви, сега вилите се продаваат и за 12 милиони евра

Опатија важи за бисер на Јадранот и главно туристичко место во Хрватска. Слави 180 години туризам. Далечната 1844-та година, во вила на богат трговец во најпознатиот парк бо Опатија е отворено првото летно одморалиште.

Оттогаш многу познати гости поминале низ Опатија, а спомените се чуваат во Музејот на туризмот., вилата во паркот каде стигнале првите туристи во првата половина на 19-тиот век.

-Многу носители на круни биле во Опатија, актери, писатели, Кафка на пример, а од нашите, Мирослав Крлежа и Бела биле чести гости на Опатија, вели Весна Леинер, директор на Музејот на туризмот.

Златна доба на Опатија беше на самракот на Југославија, во 80-тите години од минатиот век. Градот сега е полн со странски туристи, а цените на недвижностите растат.

-Цената се движи од 6, 7 илјади евра до 12 илјади за квадрат. Продаваме и вили, а нивната цена е од 6, 7 па дури до 12 милиони евра, рече Милан Мандиќ, сопственик на агенција за недвижности во Опатија.

Туризмот во Опатија не запира ниту зиме поради благата медитеранска клима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе