Вести Македонија

Помалите етнички заедници недоволно застапени во јавниот сектор – заклучок од извештајот на народниот правобранител

Во јавниот сектор нема вработено лица од помалите етнички заедници или пак има само мал број. Постои и родова нерамноправност, доминираат мажи во однос на жени, а особено на избрани и именувани лица и раководни места. Овие заклучоци ги покажува последниот извештај на народниот правобранител.

„Обвинителство, судство, социјалната заштита, самостојни државни органи како агенции, дирекции, комисии не бележат никаков раст на подобрување на застапувањето на помалите заедници. Посебно сакам да ја истакнам загриженоста за неспроведување на оваа уставно начело за соодветна и правична застапеност во областа на здравството“, вели Насер Зибери, народен правобранител.

Иако бројот на вработени во јавниот сектор е намален во однос на претходната година, сепак Македонија има најголем број на вработени споредбено со регионот.

„Во 2022 година, постои намалување на бројот на вработени лица и на збирно ниво е намален за 3.722 лица во споредба со минатата година, кога вкупниот бројот на вработени лица изнесувал 134.099 лица, додека сега тој број е 130.377 лица“,  додаде Зибери.

Народниот правобранител констатираше мал исчекор во спроведување на начело на соодветна и правична застапеност, но смета дека тој не е доволен. Потребно е да се воспостави систем со јасни правила при вработување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе