Пропадна и последната шанса Aпелација да донесе пресуда за Мијалков пред да му застари делото. Отсуството на лидерот на ДПА Тачи и поранешните члeнови на ДИК Сајковски, Стефанова и Срцев, ја одложи денешната јавната седица. Не дошле затоа што не добиле официјална судска покана. Претседателот на советот судијата Ѓоко Ристов констатираше дека обвинетите не биле уредно поканети. И Бедредин Ибраими не добил покана, сепак тој се појави на јавната седница, како што рече, по допрен глас. Седницата е презакажана за 13 април кога делото за Мијалков ќе биде застарено.
Од три години казна, до застарено дело. Вака изминатите 5 години се движеше предметот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности од 2013 та. Судењето во Криивчен почна во 2017 а во 2019 беше објавена првата првотепена пресуда со која доби 3 години затвор. На крајот од истата година пресудата по жалба ја укина апелација, а втората првостепена пресуда Кривичен ја изрече по 3 години, во јануари годинава кога сите обвинети добија по 2 години затвор. Од тогаш часовникот отчукуваше до застарување. Многу рокови и процедури за на крај да се закаже јавна седница во цајт нот – на една седмица пред рокот за застарување 7 април, но неуспешно. Адвокатите денеска не сакаа да коментираат, но според нивните пресметки делото застарело на крајот на март.
И покрај различните толкувања за денот на застарување, во секој случај „Титаник 2“ за екс шефот на УБК е завшена приказна, но за судството потонат брод.
Од 6 предмети кои беа отворени против него за сега 4 се решени.
Порај „Титаник 2“ кој застарува, „Тортура“ е ослободителна, „Плацеви на Водно“ стана условна.
Во рок од десетина дена Апелција објави дека му ја потврдиле ослободителната пресуда за „Тортура“ за апсењето на Бошкоски и му ја смени казната за „Плацеви на Водно“ од затворската во условна.
Завршен е и „Империја“. Доби тригодишната затворска казна на која тој се согласи, односно се спогоди и казната ја издржува во отворениот затвор во Струга, за што стана и жител на Охрид
Со тоа активни остануваат само предметите „Трезор“ и „Таргет Тврдина“, но и двата предмети се далеку од правосилна пресуда, откако лани Аплелација одлучи да ги укине пресуди во кои Мијалков првостепено доби вкупно 20 години затвор.
Сега двата предмети се на почеток во Кривичниот суд, и доколку до 2025 не заврши судењето за масовното прислушување ќе му застари и последното дело на Мијалков во овој предмет.
Во трка со времето не е единствено „Трезор“, предметот поврзан со набавката на британската опрема за следење на комуникации.
Елена Ивановска Мукоска