Вести Македонија Топ вести

Револтирани граѓани за смртта на Јана на протест пред министерството за здравство

Со пораки, Правда за Јана, правдата да излезе на виделина и сакаме и инсистираме на одговорно здравство граѓани се собраа пред министерството за здравство, за поддршка на протестот во Битола, но и да изразат револт поради како што велат катастрофалните услови во македонското здравство.

Комисија составена од петмина доктори специјалисти, детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог, иницирана од Министерот за здравство, треба да утврди дали имало или не лекарска грешка при третманот на шест годишната Јана .

И покрај сомневањата на јавноста и за други случаи никој никогаш не одговарал за лекарска грешка.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе