Вести Македонија Најважни

МВР пред два месеци дознало дека во Идризово се копа тунел за бегство

Пред два месеци МВР дознало дека осуденици копаат тунел и подготвуваат бегство а на почетокот на овој месец надлжените поставиле камери насочени кон објектот од каде се влегувало во тунелот за да може прецизно да ги идентификуваат осудениците кои подготвуваат бегство. Обвинителството и министерството петти ден, не откриваат конкретни детали како успеале осудениците со месеци а можеби и години да  копаат тунел незабележани од затворските службеници, но и кој им дојавил за поставените камери кај влезот во тунелот поради што престанале со копање и се обиделе да ги сокрријат трагите.

„Секој еден којшто направил кривично дело и ќе одговара. И тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста, ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата“, вели Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.

Само 32 метри осудените лица ги делеле од слободата, а  во времето и просторот за пауза за шетање добиле идеја за ваков филмски план, тврди за „Топ тема“, Јовица Стојановиќ, директор на управата за извршување на санкции.

„За да се влезе во тунел или цевка во должина од 40 метри треба време, повеќе од два часа што отворено остава сомнеж дека одредени осудени лица биле подолго време надвор од зградата колку што им е дозволено согласно законот. Простор за сомневање има, за пропусти во тековното функционирање и работење на самата установа, меѓутоа очекувам дека истрагата ќе даде подетални изгледи за тоа кој би можел да го прави, дали има инволвираност на вработени од затворот“, вели за „Топ тема“, Јовица Стојановиќ, директор на управата за извршување на санкции.

Дванаесет трактори со земја незабележано исфрлиле осудените лица, а од доказите на лице место органите утврдиле дека тоа се работело подолго време. Фотографијата до која дојде Телма на која се гледа како осудените лица ја криеле земјата во најлонски кесиња прикирена со отпадоци, за директорот на управата овие лица отпадот го фрлале во централната депонија, а освен жената што го собирала сметот,никој од затворската полиција не го посетувал овој дел.

„Тој дел е надвор од движењето на целокупното живеење внатре во установата, и амбулантата и зградата централна.Тоа доаѓа некаде позадина на тие објекти кадешто се оставани да шетаат осуденици.Таму се 500-600 осуденици.Сигурноста е што се затворени во ѕидот дека не можат да надвор“,  вели за Топ Тема Јовица Стојановиќ, директор на управата за извршување на санкции.

Откако беше откриен тунелот премирот Ковачевски го разреши досегашниот директор Шпенд Тахири кој беше предлог на Алтернатива,а по тврдењето на Тахири е сменет поради излегувањето на оваа партија од Владата. На местото на Тахири, назначен за нов директор е генерал мајор Зоран Јовановски кој се враќа од пензија за да ги поправи пропустите на затворот Идризово, проблеми кои се влечат со децении.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе