Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска го испитува имотот на вицепремиерот Груби

Антикорупциска отвори предмет и го испитува имотот на вицепрeмиерот Артан Груби и членовите на неговото семејство како и потеклото на стекнатиот имот и средства.

Предметот е оформен пред десетина дена по наводите во медиумите, но и по конкретна пријава.

Од Антикорупциска не соопштија детали освен дека се работи приоритетно на овој предмет со оглед дека станува збор за висок владин функционер.

Прашањето за имотната состојба на вицепремиерот Груби го отвори опозициската ВМРО – ДПМНЕ, којa објави дека неговиот брат купил деловен простор од 127 квадратни метри во строгиот центар на Скопје за само 100 илјади евра или по 700 евра за метар квадратен што е далеку под реалната пазарна цена.

Оттаму обвинија и дека колега на братот на Груби основал компанија која веднаш добила државен тендер.

Од ВМРО – ДПМНЕ денеска  ја обвинија Владата и Јавното обвинителство дека се обидуваат да го сокријат криминалот.

Од Антикорупциска пак посочија дека не се задоволни од начинот на кој Владата се справува со високата корупција и ја оценија како декларативна борба и заложба.

Членовите на Антикорупциска како последен во низа го посочија примерот со Агенцијата за млади и спорт (АМС) бидејќи од Владата нема никаква реакција или санкција и нагласија дека тоа ќе биде нотирано и во извештаите на меѓународната заедница

Од Антикорупциска побараа од вицепремиерката за добро владеење Грковска да ја информира јавноста што е превземено во однос на трите предмети против функционери кои таа самата ги соопшти дека се отворени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе