Вести Македонија

НОВОМАТИК: Постапката за купување на казиното во Мериот е целосно законска

По откривањето на информацијата дека фирмата Дивелоп во сопственост на Мијалкови и Ивановски го продала казиното во хотелот Мериот, преку соопштение реагира купувачот, австриската компанија НОВОМАТИК со рекација да не се прават сензации од зделка која е склучена во согласност со законите.

-Целокупната постапка за купопродажба на посочениот недвижен имот е спроведена исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. “Новоматик” како реномирана корпорација и светски бренд кој доаѓа од земја членка на ЕУ нема никогаш да си дозволи било какви деловно – правни односи кои можат да го нарушат нашиот имиџ на компанија која секогаш работи 100 % законски. Како повеќегодишен закупец на посочениот недвижен имот менаџментот на “Макотен ДООЕЛ Гевгелија” во согласност со добрите деловни обичаи и правото на првенствен откуп во случај на продажба, одлучи да пристапи кон купување на недвижниот имот кој досега како “Казино Фламинго” го имаше во владение по основ на закуп. И оваа, како и сите наши претходни инвестиции во Северна Македонија ги сметаме како добра порака до сите други инвеститори за перспективите и стабилноста на македонската економија, стои во реакцијата на НОВОМАТИК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Кос: Преку шест милијарди евра од Инструментот за реформи и раст до значителен развој за Западниот Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе