Култура

Вечерва промоција на книгата „ Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепаровски

Во Салонот Империјал 2 при Културно информативниот центар во Скопје вечерва ќе биде промовирана книгата „Пандемија и постхуманизам“, од проф.д-р Иван Џепароски.

Книгата на Џепаровски кој е професор по филозофија, но и естетичар и теоретичар на културата, претставува една од првите вакви објави кај нас. Во неа се анализираат прашања поврзани со промените што се случуваат во нашата актуелна стварност,  но и на глобален и локален план. Фокусот е на релациите помеѓу пандемијата на Ковид-19, од една страна и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна.

Промотори на книгата , што ја објави Книгоиздателството МИ-АН, ќе бидат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски. На промоцијата ќе настапи и Билјана Петровска, на пијано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе