Вести Македонија Топ вести

Владимир Панчевски од Уставен суд бара заштита, бил дискриминиран во споредба со други судии и претседатели на судови

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски ги бара своите права од Уставниот суд. Смета дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции. Поднел барање до судот во   кое вели дека со пресудите на Основниот суд во Велес и Апелационеиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот, а кои се однесуваат на забраната за дискриминација по основ на социјалната припадност, општествена положба на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност – политичко уверување.

„Меѓу другото, подносителот на барањето наведува дека бил дискриминиран во споредба со сите останати судии и претседатели на судови, затоа што за разлика од нив само тој не ги уживал уставно и законски загарантираните права кои ги имале носителите на судиски функции. Оттука, според подносителот на барањето, произлегувала дискриминаторската природа на теоријата на случај на Јавното обвинителство, која била прифатена од Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје и резултирало со носење на актите коишто се оспоруваат“, се вели во соопштението за утрешната седница на Уставниот суд.

Предметот е ставен на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд а се бара признание дека судовите, основниот и апелациониот прекршиле два члена од Уставот и два члена од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Велешкиот суд пред две години го осуди Панчевски на 3 и пол годишна затворска казна за злоупотреба на АКМИС системот, за распределба на судски предмети. Следната година Апелациониот суд во Скопје ја намали затворската казна на Панчевски на 2 и пол години. Во февруари годинава Врховниот суд ги укина ваквите пресуди поради грешка во постапката, откако Панчевски помина само две недели во затворот во Шуто Оризари.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе