Вести Свет Топ вести

Русија најавува ново гранатирање. Зеленски: Тие се збунети, нивните војници бегаат од бојното поле

Денес 20-ти ден од руската инвазија на Украина. Последната, четврта рунда мировни преговори се одржа вчера, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека поминале „прилично добро“. Во Турција денеска ќе се одржи нова рунда разговори, најави тој.

Првите цивили се евакуирани од Мариупол

Во исто време Русија најавува дека ќе ги гранатира украинските компании кои се занимаваат со производство на оружје. Русите вчера гранатираа и центар за воена обука и база западно од Лавов, при што загинаа 20 луѓе.

Првиот конвој цивили го напушти Мариупол, стратешки важен град кој речиси две недели е под руска опсада. Претходните обиди за евакуација не успеаја поради гранатирање. Ситуацијата во Мариупол е очајна, градот е без струја, вода и мобилен сигнал, а резервите со храна се при крај. Украинската армија соопшти дека денеска одбила нов руски напад врз градот.

Русија побара помош од Кина

Денеска беа објавени и детали од дипломатската депеша испратена од САД до сојузниците во Европа и Азија, во која се наведува дека Кина може да се согласи со барањата на Русија за помош. Според извори, Русија бара помош во воена опрема, ракети, дронови и оклопни возила, како и готови оброци за армијата. Русија негира дека побарала помош, но САД ја предупредиле Кина на „можни негативни последици“ доколку ги исполни барањата.

Зеленски доцна синоќа ги повика и руските војници да се предадат и изјави дека украинската армија на окупаторите им нанела огромни загуби и во опрема и во жива сила.

Клучни настани

  • Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина
  • Американските извештаи тврдат дека Русија побарала воена помош од Кина. Кина ги негира обвинувањата, а САД се закануваат со економски последици
  • Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови, а нападнат е и блок во Киев
  • Конвој од 160 автомобили тргна од Мариупол. Ова е прв успешен обид да се организира хуманитарен коридор од тој украински град
  • Во Лавов се слушнале експлозии, цел на Русите бил центар за воена обука и база западно од градот, а загинале 20 луѓе. Ракетиран е и градот Ивано-Франковск
  • ЕУ воведува дополнителни санкции кон Русија
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе