Вести Свет

Кина го обвини НАТО и испрати порака до САД

Кина го обвини НАТО дека ги „доведе тензиите меѓу Русија и Украина до точка на колапс“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на дневниот брифинг со медиумите ги повика САД сериозно да ја сфатат загриженоста на Кина и да избегнуваат поткопување на нејзините права или интереси во решавањето на ситуацијата во Украина и врските со Русија, објави Ројтерс.

Тајван ја следи Кина, Кина и светот ја следат Украина

„Кина внимателно ги следи настаните во Украина за да ја процени сопствената стратегија кон Тајван“, предупреди министерот за надворешни работи на островот.

„Кога ги следиме случувањата во Украина… ние исто така многу внимателно гледаме што Кина може да направи со Тајван“, рече Џозеф Ву на прес-конференција.

Некои аналитичари укажаа на паралели меѓу плановите на Русија за Украина и стравувањата за иднината на Тајван – самоуправна островска демократија што Пекинг ја присвојува, и не ја исклучија можноста да ја преземе насилно.

„Кинеските лидери мислат дека западната реакција на руската агресија е слаба и некохерентна и нема никакво влијание. Кинезите би можеле да го видат ова како позитивна лекција“, додаде Ву додека зборуваше за дополнителните чекори што Тајван ги презема.

Запрашан дали е загрижен за кризата во Украина, Ву рече дека светот гледа „ширење на авторитаризмот“, укажувајќи на заедничката декларација издадена од Кина и Русија минатиот месец.

„Подготвени сме да преземеме активна улога“

Кина, која традиционално одржува добри врски со Москва, досега одбиваше да зборува за инвазија на Украина и само „изрази жалење“ за конфликтот во таа земја, велејќи дека сè уште ја „разбира“ загриженоста на Русија за нејзината безбедност.

Но, во телефонски разговор со Макрон и Шолц, првиот човек на Пекинг вчера изјави дека Кина е „искрено тажна поради новата војна на европскиот континент“, објави CCTV.

„Сакаме да повикаме на поголема воздржаност за да се спречи хуманитарна криза од големи размери“, рече Си Џинпинг, притоа не осудувајќи ја офанзивата на 24 февруари што ја започна рускиот претседател Владимир Путин против соседната земја.

Тој на своите соговорници им порача дека „ги цени напорите на Франција и Германија да посредуваат во Украина“ и нагласи дека и Пекинг е подготвен да преземе „активна улога“.

„Мораме да работиме заедно за да ги поддржиме мировните преговори меѓу Русија и Украина“, повика тој откако три рунди разговори во Белорусија досега не успеаја да ја запрат војната.

Кина е „подготвена да испрати хуманитарна помош во Украина“, рече тој. Кси повтори дека неговата земја во принцип се противи на меѓународните санкции, велејќи дека мерките наметнати на Москва „ќе им наштетат на сите страни“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе