Вести Свет

МААЕ изгуби контакт со системот за надзор во Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нејзиниот систем за следење на нуклеарниот материјал во нуклеарната централа Запорожжја престанал да емитува податоци до седиштето во Виена, објави агенцијата еден ден откако пријавила таков прекин од нуклеарната централа во Чернобил.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, изрази загриженост .

„Загрижени сме поради ненадејниот прекин на протокот на овие податоци до седиштето на МААЕ во Виена од тие две нуклеарни централи“, директорот на МААЕ, 
Рафаел Гроси, изрази загриженост .

Овие постројки содржат големи количини нуклеарен материјал во форма на потрошено или свежо нуклеарно гориво и други видови нуклеарни материјали, според МААЕ.

МААЕ во вторникот предупреди дека системите за следење на нуклеарниот материјал во постројките за радиоактивен отпад во Чернобил престанале да пренесуваат 
податоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе