Европа ќе мора да се насочи кон обновливите извори на енергија, е заклучокот на Европската комисија која ги претстави предлозите за намалување на зависноста на ЕУ од рускиот гас за две третини пред крајот на 2022 година, како дел од планот да стане независна од сите руски фосилни горива до 2030 година.
Планот, наречен Рипауер ЕУ, предвидува мерки за да се осигура дека складиштето на гас ќе биде исполнето до најмалку 90% за следната зима, со цел да се справи со потенцијалните прекини во снабдувањето.