Вести Економија Свет

Русија ќе биде исклучена од системот за меѓународно плаќање SWIFT – парализирани и парите во Централната Банка

Меѓународната заедница одлучи да го искористи најмоќното оружје во финансиските санкции против Русија како одговор на инвазијата на Украина. ЕУ, САД и сојузниците вчера договорија одредени  руски банки  да се  исклучат од главниот меѓународен платежен систем СВИФТ,  како одговор на клучното барање на Киев. Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11 000 банки и институции во повеќе од 200 земји. Забраната за Русија да го користи системот – ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства.

  • Ние се обврзавме да обезбедиме одреден број руски банки да бидат отстранети од SWIFT. Ова ќе обезбеди дека овие банки се исклучени од меѓународниот финансиски систем и ќе им наштети на нивната способност да работат на глобално ниво. SWIFT е светски доминантен глобален меѓубанкарски платен систем, отсекувањето на банките ќе ги спречи да ги извршуваат повеќето од нивните финансиски трансакции ширум светот и ефективно ќе го блокира рускиот извоз и увоз, соопшти Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија

Сојузниците ќе ја спречат Русија да ги користи девизните резерви, парализирајќи ги средствата на централната банка.

  • Ќе ги парализираме средствата на Централната банка на Русија. Ова ќе ги замрзне нејзините трансакции и ќе ја оневозможи Централната банка да ги ликвидира средствата. И конечно, ќе работиме да им забраниме на руските олигарси да ги користат нивните финансиски средства на нашите пазари. Сите овие мерки значително ќе и наштетат на способноста на Путин да ја финансира неговата војна и тие ќе имаат еродирачко, сериозно еродирачко влијание врз неговата економија, доддава Фо дер Лајен.

SWIFT  овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите – и е еден вид систем за инстант пораки што ги информира корисниците кога плаќањата се испратени и пристигнати. Преку него се испраќаат над 40 милиони пораки дневно, додека трилиони долари се раменуваат меѓу компаниите и владите. Се смета дека повеќе од 1% од тие пораки вклучуваат руски плаќања. Отстранувањето на Русија од SWIFT ќе го направи речиси невозможно испраќањето пари во или надвор од земјата, што би предизвикало проблеми за руските компании и нивните странски клиенти. Русија го користи системот SWIFT  за нејзиниот извоз, меѓу кој и тој на нафтата и гасот

Исклучувањето на Русија од СВИФТ ќе предзвика огрмона штета на тамошниот банкарски ситем затоа што банките нема да имаат пристап до пари, но штета ќе трпат и другите економии. Според проценките најголема штета од ова  би претрпела Германија.

Москва најавува реципрочен одговор на европските санкции. Меѓудругото, се спомнува замрзнување на имотите на европските компании во Русија.

Санкциите ќе не натераат да ги разгледаме повторно односите со дражвите кои ни ги воведуваат, како и сите меѓународни договори кои ги потпишаа луѓето кои сега се под санкции“ напиша на ФБ, поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев.

Медведев предупредува дека сега Русија би можела да го заплени имотот на странските компании. Вели дека на сите паметни луѓе им е јасно дека санкциите се само мит и измислица и дека причината поради која се воведуваат е политичка немоќ предизвикана од неможноста да се промени курсот на Русија.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе