Вести Најважни Свет

Зеленски: Јас сум главната цел. Во Киев сум, но не можам точно да кажам каде

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека верува оти украинскиот претседател е „главна цел на руската агресија“, а во тоа верува и самиот претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот Зеленски ги претставува, дури и ги отелотворува, демократските аспирации и амбиции на Украина и на украинскиот народ. Се очекува тој да биде главната цел на руската агресија“, изјави портпаролот Нед Прајс за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека американските власти со недели зборувале дека руски агенти се инфилтрирале во Украина и дека „оперираат во земјата“. Зеленски ги повтори американските коментари во Киев.

Имаме информации дека непријателот е главната цел, а потоа и моето семејство“, рече тој во видео пораката. Тој изјави и дека има лажни извештаи дека го напуштил Киев.

„Останувам во главниот град со мојот народ“, рече тој и додаде дека не смее точно да каже каде се наоѓа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе